Членовите на клубот ,,Учиме право“ остварија средба со градоначалникот Мерко

- Локални
400
Во рамки на годишната програма, членови од Клубот,,Учиме право“, при Младински образовен форум (МОФ) од Струга,  го посетија градоначалникот на Струга.
Целта на оваа посета беше да се дознае повеќе за локалната самоуправа, нејзината работа и органи.
За подобро и поблиско запознавање имаа презентација од самиот градоначалник, како и одговори на сите прашања и нејаснотии околу програмите и функционирањето на оваа институција.
 Учениците имаа можност да се запознаат и со секојдневните активности на градоначалникот, приоритетите на општината, особено за младите, инфраструктурните и образовните проекти и секако функционирањето на општинската администрација и Советот.

Facebook Коментари