Црвен крст донираше хуманитарни пакети во неколку струшки села

- Локални
829

Црвен крст донираше хуманитарни пакети во ризични населени места во струшко.

Црвениот крст на Република Северна Македонија ја  овозможи оваа донација со цел да им се помогне на семејствата кои живеат во високо ризичните населени места, и се наоѓаат во тешки економски услови заради состојбата предизвикана од КОВИД 19.

Дистрибуцијата на хуманитарната помош Црвен крст Струга ја направи со помош на Општина Струга. Помошта беше доставена до кризмите штабови на село Лабуништа, Октиси, Подгорци и Бороец.

Strugaonline

Facebook Коментари