Црвен крст -Охрид ја започна кампањата за помош на најсиромашни граѓани на Охрид

- Локални
491

По повод Светскиот Денот на борбата против гладтта, 16-ти октомври и Недела на борба против гладтта (16-22 октомври), под мотото „Помислете и на нас“, охридскиот Црвен крст од денес ја започнува кампањата за помош на најсиромашни граѓани на Охрид.

– Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Исто така, Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во повеќе маркети во Охрид ќе бидат поставени видно обележени корпи во кои хуманите граѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи наменети за помош на социјално загрозените семејства. Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад. Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица, информираат од Црвен крст Охрид.

Oд таму упатуваат  апел до сите граѓани, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција, во Неделата на борба против гладтта и дадат свој придонес, според можностите, во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Strugaonline

Facebook Коментари