Д-р Арменд Арслани: Со раководењето на струшката болница нема да престанам да бидам лекар, медицината е моја животна определба

- Интервју, Локални
534

Одблиску го запознаваме Д-р Арменд Арслани. Со него зборувавме за медицината како животна определба, задоволството на секој лекар кога има задоволни пациенти, но и за директорувањето со струшката болница, условите за работа во неа и за медицинскиот кадар кој веќе една година макотрпно работи на справување со пандемијата.

Strugaonline: Доктор сте  по општа медицина и специјализант по урологија и уролошка хирургија, имате и научно искуство надвор од границите на Македонија, бевте стажант на Програмата за стажирање на Факултетот за медицина на универзитетот во Истанбул, на одделението за урологија, од друга страна, своевремено бевте и заменик министер за здравство, во Вашата биографија можеме да забележиме дека сте амбициозен млад лекар. Ќе имате ли време да бидете и лекар и да раководите со струшката болница? 

Д-р Арменд Арслани: Досегашните искуства и како стажант на Програмата за стажирање на Факултетот за медицина на Универзитетот во Истанбул, но и извршувањето на функцијата заменик министер се додадена вредност и од исклучително значење ќе бидат при раководење со струшката болница. Ќе наведам само пример дека од позиција заменик министер бев активен член на Комисијата за заразни болести уште од првиот ден на нејзиното формирање и ова искуство навистина е од непроценливо значење во однос на комплесноста на динамичното менаџирање со тој процес.Секое искуство е добродојдено, посебно земајќи во предвид дека професијата лекар самата по себе покрај тоа што е професија, практично е и животна определба која е придружувана од долгогодишна и макотрпна работа и долгогодишна и континуирана медицинска едукација, стекнување со нови сознанија, вештини и оттука лично не верувам дека постои доктор кој заради одредена позиција времено ќе ја стави докторската професија како второстепена зашто како што кажав континуираната работа е клучна во оваа професија и за сите нас здравствените работници тоа е врвен приоритет, без разлика на позицијата која што времено ја извршуваме.Тоа и дава смисол на нашата животна определба-лекарската професија, а задоволните пациенти се она што ни дава дополнителен мотив најголем дел од времето да го посветиме токму за нив што е и клучно и верувам нитуеден мој колега од медицинската фела не е искучок.

Strugaonline: Во каква состојба ја затекнавте струшката болница во смисла на услови за работа. Што недостасува и кои се Вашите идни чекори? 

Д-р Арменд Арслани: Согласно ингеренциите кои ги имаме како Општа болница од аспект на  опременост и стручен медицински кадар располагаме со доволно ресурси за соодветно справување со состојбата . На располагање за третман и грижа на наште пациенти ставен е целокупниот потенцијал и можеме соодветно да се справиме со состобата.Целокупниот персонал го дава својот максимум за секој еден пациент да добие соодветна грижа и третман во нашата болница. Своето присуство во канцеларија го сведувам на минумум, а поголем дел од времето сум лично на увид во самите оддели, заедно со началниците  и останатиот стручен кадар со цел да бидеме поблиску до пациентите. Важно ни е нивното мислење и простор за подубрување има секогаш и во повеќе сегменти и го слушаме нивното мислење и тоа е патеката која ќе не води и во наредниот периодследејќи ги нивните потреби, а со цел унапредување на квалитетот на здравствената заштитаСвесни сме дека и пациентите и самите здравствени работници заслужуваат подобри услови за работа и третман и секако во таа насока ќе бидат и нашите активности со цел инфраструктурно подобрување што е во заеднички интерес за сите нас.

Strugaonline: Дали во струшката болница има доволно кадар со оглед на тоа дека е период на пандемија и дали има заболени здравствени работници? 

Д-р Арменд Арслани: Во струшката болница со која раководам можам да информирам дека има добра организациска поставеност од аспект на медицинскиот кадар.Имаме 8 интернисти, специјалисти и 7 специјализанти. Во наредниот период се очекува и зајакнување со инфектолог кој набрзо треба да се приклучи на овој стручен тим, со што дополнително има зајакнување во овој сегмент.Исто така и медицинските сестри се добро обучени за справување со оваа состојба.Што се однесува до другите оддели , станува збор за 7 одделенија се исто така обучени и имаат вештини да помогнат во третманот на ковид пациенти. Во моментов нема заболени здравствени работници, но останува потребата од исклучителна внимателност и почитување на мерките.

Strugaonline

Facebook Коментари