Д-р Јетон Шаќири: JП „Проаква“ беше злоупотребувано со години, сега е најуспешно претпријатие во Струга

- Локални
1529

Д-р Јетон Шаќири поднесе извештај за работењето на ЈП „Проаква“  Струга.

На почетокот тој истакна дека претпријатието  со години пропаѓало поради како што рече, разни злоупотреби. Шаќири додаде дека во текот на 2018-та се работело посветено и со добро менаџирање, карактеристики кои довеле до тоа „Проаква“ да биде најуспешно јавно претпријатие во Општина Струга.

Шаќири се осврна на злоупотребите кои според него, биле вршени изминативе години.

Злоупотреба била вршена во сите области почнувајќи од: 
– снабдување на материјали и фиктивни средства, (2013-2017год. = 3.259.514 денари само за ХТЗ опрема која ја нема никаде)
– неконтролирано трошење на дериватите, (2013-2017 год. = 22.914.535 денари, додека во 2018 год. = 1.601.275денари)
– неконтролирано вработување со договор на дело (на вработени кои земаа плата од Проаква но не знаеа каде е влезната врата на претпријатието, 2013-2017 год. = 13.640.891, додека во 2018 год. = 76.935 денари)
– фалсификување на трошоците со фиктивни фактури за сервис на пумпите и водоводниот систем, (2013-2017 год. = 7.350.217, додека во 2018 год. = 406.668)
– снабдување со нови пумпи (кои откако биле купени им биле подарени на приватни претпријатија блиски на тогашната локална власт),
– репрезентативни трошоци за ручеци и вечери во сите ресторани и хотели во Струга и регионот. (2013-2017 = 8.434.789 денари)
“ – рече Шаќири
Тој  обвини дека сите овие злоупотреби резултирале со уништување и распаѓање на сите сектори од претпријатието и доцнењето односно неисплаќање на платите од вработените кои на сопствена кожа ја почувствувале злоупотребата со 9 неисплатени плати.

Осврнувајќи се на втората половина од  2018 година,  директорот на ЈП „Проаква“ потенцираше дека прифајќајќи да раководи со оваа претпријатие, го почувствувал најголемиот предизвик во својот живот.

Во соработка со мојот тим и со несебичната помош од сите вработени успеавме за многу кратко време да исплатиме многу долгови, да воспоставиме правила за употреба на водата за пиење, да го одржиме квалитетот на водата за пиење, да изградиме водоводни и канализациски мрежи, да го одржиме колекторскиот систем, трошоците ги сведовме на минимум, и најважно од се успеавме вработените од ова претпријатие да ги извлечеме од бедата и незавидна положба во која се наоѓаа неколку години наназад со тоа што приходите ги искористивме максимално рационално и разумно, исплативме 18 плати за една година а во тоа успеавме со тоа што ги намаливме трошоците во просек за една петина помалце во споредба со изминатите години. – истакна првиот чoвек на „Проаква“.

На крајот на својот отчет за сработеното, Шаќири уште еднаш потенцираше дека успехот не го постигнал сам , туку со посветен тим и се заблагодари на довербата која ја добил од градоначаникот Мерко.

Зајакнувањето на претпријатието односно ако слободно се изразам закрепнувањето после долго и тешко боледување особено забрзаното закрепнување во втората половина од годината, испатените долгови и плати, санирањето и изградбата на водоводни и канализациски мрежи и сите останати успешно реализирани работи и активности пред се се успех на градоначалникот г-динот Рамис Мерко кој имаше доверба во мене и ми ја довери оваа функција, на сите вработени во претпријатието кои несебично ми помагаа во работењето и на сите граѓани кои ме поддржуваа. Оваа мисија колку што ми изгледаше невозможна толку ми претставуваше и предизвик а секако и ризик, но ова шестомесечие ни покажува дека сме на вистинскиот пат а тоа не мотивира да продолжиме да работиме се повеќе и подобро. Искрено им се заблагодарувам на сите пријатели и познаници за довербата и поддршката. Среќни празници и среќна нова година 2019!!! – додаде Шаќири

Strugaonline

фото: МЈП „Проаква“

Facebook Коментари