Д-р Милош Мојсоски посветено работи грижејќи се за стари лица од неколку струшки села

- Локални
2170

Д-р Милош Мојсоски е матичен доктор п на голем број граѓани на подјабланичките села од Октиси до Јабланица. Тој  ги покрива селата Октиси, Вевчани, Подгорци, Лабуништа, Боровец, Јабланица… каде што има претежно стари изнемоштени и осамени пензионери, кои од здравствени причини не можат да отпатуваат  во Здравствениот дом д-р „Светозар Чочороски“ во Вевчани, каде што матичниот лекар Мојсоски ја има матичната приватната ординација „Виталис“.

Секојдневно со своите две вработени медицински сестри, Мојсоски прави посети во селските населби за преглед на пензионери и други негови пациенти во поодминати години. Селските населби се покриваат по телефонски повик.

Патронажната служба ја сочинуваат лекар од општа практика и две медицински сестри.Тие на пациентите им даваат совети, вршат општ преглед, мерење крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, ЕКГ и други прегледи, а за посериозни заболувања ги упатуваат кај специјалист лекар.Истовремено, доколку не станува збор  за посериозни заболувања им се даваат основни ампуларни лекарства, а потоа се советуваат за натамошно лекување.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари