Д-р Владимир Бунчески e нов директор на Општа болница- Струга

- Локални
1269

Д-р Владимир Бунчески е именуван за в.д. директор на ЈЗУ Општа болница – Струга.

Д-р Владимир Бунчески oсновно и средно образование завршил во Струга. После отслужување на воениот рок, во октомври 1984-та започнува со студии на Медицински факултет при универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, истиот успешно го завршува во јануари 1990-та година.

До 1997 работи како републички санитарен и здравствен инспектор, а потоа како општ лекар во медицински центар Струга.

Во 2002 година започнува со специјализација на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје. Од 2006-та година работи како анестезиолог во општа болница Струга, а поради недостаток на анестезиолози, и во Битола и Охрид.

Од 2007 до 2017 е раководител на одделението за анестезија во општа болница Струга.

Автор е на повеќе трудови и публикации од областа на анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Strugaonline

Facebook Коментари