Дебата на тема- Македонските медиуми-лудило во системот или систем во лудилото?  вечерва во Струга

- Локални
475

Во рамките на проектот „Медиумот е порака“ вечерва во Струга ќе се одржи дебата на тема Македонските медиуми – лудило во системот или систем во лудилото?  Во разговорот ќе учествуваат Ѕвездан Георгиевски, Никола Гелевски, Снежана Трпевска, Сашо Ордановски и Александра Бубевска, a потоа ќе следува промоција на книгата „10 години од порталот ‘Окно’“ (100 насловни страници од Свирачиња). Настанот ќе се одржи во Домот на Миладиновци со почеток во 19:00 часот.

Проектот „Медиумот е порака“ има за цел преку низа активности да ја истражува важноста и функцијата на медиумите во културниот живот. Важен повод за ангажирање околу овој проблем е и тоа што 2019 е година на два важни јубилеи – 25 години „Маргина“, списание за децентрализирана култура, и 10 години интернет портал за култура „Окно“.

Strugaonline

Facebook Коментари