Делегација на Здружението на пензионери од Струга на чествување за Конески и 75 години пензионерско организирање во Македонија

- Локални
477

 

Претседателот на Здружението на пензионери од Струга,Милорад Трпоски,ја предводеше делегацијата на струшките пензионери на чествување во град на Блаже Конески,кое се одржа на 3 септември 2021 година,по повод 100 години од неговото раѓање ( 1921-2021),и 75 години од пензионерското организирање во Македонија,кое се одржа во Домот на културата „Марко Цепенко“во Прилеп,во организација на Сојузот на здруженија на Македонија,а домаќин на манифестацијата беше Здружението на пензионери од Прилеп.На чествувањето учество зедо девет здруженија од регионот.

Манифестацијата со пригодни зборови ја отвори и ги поздрави учесниците претседтелот на ЗП Прилеп,господинот Славко Трајкоски,кој им поска добре дојде и рече да се чуствувате како да сте дома.

На чествувањето реч одржа претседателката СЗПМ Станка Трајкова,за 75 годишниот раст на Сојузот,а после неа имаше поетско музичка средба,на која членовите литерати настапија со кажувања на песни од Конески и за Конески и Културно уметнмичка програма каде што учество зедо Здружението на пензионери домаќин од Прилеп и КУД при ЗП Охрид и Дебарца.

Новинарот ( фото репортер ) Стојан Кукунешоски од Струга,прочита лична творба,посветена на великанот Блаже Конески ,за неговото Небрегово,за која што му беше доделена  Благодарница.

На крајот од манифестацијата,претседателот на Собранието на СЗПМ,м-р Илија Адамоски,а во име на Сојузот им врачи Благодарници на сите уечесници.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари