Денеска е Меѓународен ден на биолошката разновидност

- Локални
687

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на биолошката разновидност.

По тој повод , тимот на проектот Мониторинг, заштита и одржливо користење на  појасот трски на на Охридското Езеро потсетува дека од индивидуални видови преку цели екосистеми, биолошката разновидност е од витално значење за човековото здравје и благосостојба.


Од таму додаваат дека биодиверзитетот е храната што ја јадеме, водата што ја пиеме, а тоа е и воздухот што го дишеме. Квалитетот на водата што ја пиеме, храната што ја јадеме и воздухот што го дишеме, сите зависат од одржување на природниот свет во добра здравствена состојба.
Тимот потенцира дека главните проблеми во светот се резултат на разликата помеѓу тоа како функционира природата и начинот на кој луѓето размислуваат.

Strugaonline

Facebook Коментари