Денеска ќе се додели книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

- Локални
79

Во големата сала на Општина Охрид, денеска со почеток во 13:00 часот, ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, кое се труди преку ваквата востановена манифестација, достојно да му оддаде почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности, посебно во книжевноста за деца. Од 103 пристигнати песни, жири комисијата во состав: Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова, ги издвои песните што се најдоа во потесниот избор, а меѓу нив се и трите најдобри, за кои се предвидени парични награди. Авторот на првонаградената песна ќе добие парична награда од 9.000 денари, за второнаградената песна се предвидени 6.000 денари и песната што ќе го освои третото место, ќе биде наградена со 3.000 денари. Најдобрите песни ќе бидат објавени во деветтиот број на електронското списание „(е)Лит“, што го објавува здружението „Креативна верига“.

Настанот е со поддршка од Општина Охрид. Освен доделувањето на наградите, предвидена е богата програма, каде акцент ќе се стави на творештвото на Тоде Илиевски.

Facebook Коментари