Денеска се одбележува денот на пожарникарите

- Локални
423
Денеска се одбележува 20-ти мај, ден посветен на пожарникарите. Улогата на пожарникар во денешното општество е посветеност професионалност и пожртвуваност.
,,Без оглед во која држава живееме и работиме, во противпожарната служба се бориме заедно против еден заеднички непријател – оган , без разлика од која земја доаѓаме, каква униформа носиме или на кој јазик зборуваме. Кога човекот станува пожарникар, неговото најголемо дело на храброст е постигнато. Секој спасен живот значи среќно семејство. Без пожарникарите, оваа хумана мисија ќе биде невозможна.,,-вели Ристе Талески, вработен во Општина Струга.
Тој им порача на пожарникарите и понатаму да бидат  гордост и гаранција за нашиот безбеден и безгрижен живот.
Strugaonline

Facebook Коментари