Денеска се празнува Летник, ова се обичаите и верувањата

- Локални
339

Денес е Летник , според народните верувања, тоа што ќе го правите денеска, ќе го правите цело лето.

Се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролетта односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските активности.

Меѓу позначајните обичаи на овој празник е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец, се носат околу вратот или на рацете и нозете. Најчесто ги носат децата, но во некои краеви ги носеле сите членови во семејството како  заштита од несреќи.

Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко.

Facebook Коментари