Лев банер Десен банер

Денеска во 12 часот настан во центарот на градот по повод Светскиот ден на Даунов синдром

По повод 21 Март – Светскиот ден на Даунов синдром, ден кој нè потсетува дека различностите не се пречка, туку вредности што нè прават почовечни, денеска во 12:00 часот во центарот на градот ќе се одржи настан за подигнување на свеста.

„Еден хромозом повеќе ме прави поспецијален, затоа што таму каде што сум, давам бескрајна љубов!“ – пораката која го одбележува овој ден повикува на прифаќање, разбирање и поддршка.

Светскиот ден на Даунов синдром е потсетник дека лицата со Даунов синдром треба да се гледаат преку нивните способности, а не нивните ограничувања. Тие имаат право на почит, образование, здравствена грижа и еднакви можности да го изградат својот живот.

Настанот, кој ќе се одржи под водство на градоначалникот Менди Ќура, има за цел да ја подигне свеста и да испрати порака за градење пофер и поинклузивно општество.

Организаторите апелираат: да не ги спомнуваме само денес, туку да ги поддржуваме секој ден. Сите граѓани се поканети да присуствуваат и да дадат придонес за оваа важна кауза.

error: