Лев банер Десен банер

Денеска во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа свечен настан посветен на убавината на поетскиот збор

По повод 21 март – Денот на поезијата денеска во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа свечен настан посветен на убавината на поетскиот збор. Настанот насловен „Кога поезијата зборува“ обедини млади таленти и љубители на литературата во една топла и инспиративна атмосфера.
Учесници беа ученици од општинските основни училишта од Струга кои се претставија со свои наградени творби, но и со интерпретации на песни од познати автори. Посебен шарм на вечерта ѝ дадоа изведбите на песни на француски и италијански јазик, кои внесоа интернационален дух и дополнителна уметничка длабочина.
Поетските стихови, изречени со искреност и емоција, силно одекнаа преку детскиот глас, потсетувајќи нè на чистотата и моќта на зборот. Учество зедоа и роднокрајните автори Миладин Угреновиќ и Мирко Томовски.
Настанот беше вистинска прослава на поезијата – уметност што зборува тивко, но допира длабоко.
На крајот на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата се одржа креативна работилница ,, Омилен стих”. Учениците го напишаа својот омилен стих и го поставија на нашето поетско дрво – симбол на заедничката љубов кон поезијата.
StrugaOnline

error: