Денеска во Струга поетски читања и концерт по повод Светскиот ден на поезијата

- Локални
105

По повод Светскиот ден на поезијата, денеска ќе се одржи поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга со почеток во 18ː30  часот.

-Ќе настапат истакнати македонски поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево, Прилеп и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година чие свечено прогласување е на 21.03.2024 година во 11 ч. во Македонската академија на науките и уметностите.-информираат од СВП

Струшките вечери на поезијата ја започнуваат соработката со Europe House Струга, новиот простор кој има  цел да го привлече младинскиот сектор, да стимулира иновации, напредно размислување, вмрежување на поединци, групи, заедници и организации кои би креирале и би презентирале нови идеи,како и да поддржува иницијативи што се придржуваат кон вредностите и практиките на ЕУ.

Додаваат дека во чест на Светскиот ден на поезијата, во Europe House-Струга  со почеток во 20 ч. ќе биде организирано поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Strugaonline

Facebook Коментари