Денеска во Струга се одржува Илинденска едриличарска регата

- Локални
578

Во организација на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Едриличарската федерација и клубот „Снегар“, денес во Струга ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во класите „Оптимист“ и „Ласер“.

Регатата ќе се одржи  на регатното поле пред едриличарскиот клуб „Снегар“ Струга.  Регатата ќе се одржи според (World sailing) Регатните правила 2017 – 2020.  Ќе се применуваат и правилата на класата Оптимист, а за другите учесници: L4.7, LRD, LST и Минитонец, правилата на соодветната класа, овој распис и упатствата за едрење.

Регатата ќе се одржи за класата „Опитмист“ и е отворена и за другите олимписки класи.  Право на учество имаат сите едриличари верифицирани при своите национални сојузи.

Strugaonline

Facebook Коментари