Десет лица во Струга не ја почитувале забраната за движење

- Локални
1018

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, дванаесет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Струга-10). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и  сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 64 контроли врз  лица во изолација, 49  контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-24, Струга-16, Кичево-8, Дебар-1), како и 68  контроли на угостителски и други  објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари