Детскиот филм ,,Кариран Нинџа“ во петок ќе се прикажува во Охрид

- Локални
348
 Oвој петок (19.03)  во Центар за култура ,,Григор Прличев’ во Охрид ќе се прикажува детскиот филм Кариран Нинџа (Checkered Ninja)
Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063,
Во филмот е раскажана приказната за  Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, тој открива дека нинџа куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.
Почетокот е закажан за 19:00 часот, ќе се почитуваат сите мерки и препораки за заштита од вирусто ковид 19.

Facebook Коментари