Во организација на џудо клубот ,,Дрим“, на 24-ти јуни во Струга ќе се одржи осмото издание на Меѓународен џудо турнир и тренинг камп СТРУГА ОПЕН 2023

-Досега се пријавени повеќе од 700 натпреварувачи, 60 џудо клубови од 15 земји. Пријавувањето трае до утре, 21-ви јуни.“-информираат организаторите.
Во рамките на натпреварот и во соработка со ,,Порака нова“ ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All.
-На настанот очекуваме повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа, додаваат организаторите.
Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Тими“, со почеток во 10:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари