Донациите од Food Drive предадени во Црвен крст-Струга

- Локални
536

Донациите собрани во Food Drive, организирани во чест на Националниот ден на служба и сеќавање на САД, 11 септември,  денеска беа предадени на Црвениот крст во Струга, од каде ќе го најдат патот до оние на кои им се најпотребни .

По повод одбележување на Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите и преживеаните, како и на сите оние кои несебично помагаа при нападот од 11-ти септември 2001 година, Американско катче Струга, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, организираше  хуманитарно собирање на донации во вид на храна (конзервирана или храна што не се расипува), училишен прибор и средства за хигиена. Ситер хумани граѓани имаа можност да донираат, а сега донациите ќе бидат предадени на социјално загрозени семејства.

Strugaonline

Facebook Коментари