Државната изборна комисија отвори дополнителни канцеларии во Вевчани и Дебарца

- Локални
722

Државната изборна комисија отвори дополнителни канцеларии во 27 општини за вршење јавен увид во избирачкиот список и собирање потписи за претседателски кандидати.

Помеѓу споменатите општини се и Вевчани и Дебарца. Дополнителните канцеларии се наоѓаат во општинските згради.

Проверката на податоците за граѓаните трае до 14-ти март до полноќ, истиот рок важи и  за запишување, промена или бришење на податоци во избирачкиот список.

Јавниот увид во избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во периодот од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници.

Кандидатските листи до Државната изборна комисија треба да се поднесат најдоцна до 21-ви март, а изборната кампања официјално ќе започне на 1-ви април.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари