Дванаесет вреќи со марихуана пронајдени пред селото Калишта

- Локални
395

На 01.06.2019 година околу 03 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана. По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е  предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари