Две лица се повредени во инцидент што се случил во близина на СЦ ,,Билјанини извори“

- Локални
271

На 07.02.2023 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено е пред деловен објект во близина на спортско – рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од страна на  Г.Т.(47) и М.Ј.П.(26), двајцата од Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со употреба на остар предмет, на што претходела нивна меѓусебна вербална расправија. Притоа, со телесни повреди се здобил Г.Т. констатирани во Општа болница во Охрид, додека М.Ј.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари