Две лица во Струга не ја почитувале забраната за движење

- Локални
541

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (24/25.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на СВР Охрид 3 лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-2, Кичево-1). Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во истиот период, на  5 лица им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица-прекршители на препорачаните мерки.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари