На 11.11.2018 година ЏК „ДРИМ“ Струга учествуваше на деветтиот меѓународен натпревар „МИОКИ ОПЕН” 2018 на кој настапија триста натпреварувачи од десет земји. На натпреварот , струшкиот клуб настапи со дваесет и три натпреварувачи и освои дваесет и еден медали (пет златни, четири сребрени и дванаесет бронзени) и пехар за најуспешен тим во конкуренција на полетарци.
Со медали се закитија: ЗЛАТЕН МЕДАЛ:
1. Андреј Чакаровски -90кг кадети
2. Доријан Петкоски – 18кг полетарци
3. Теодор Петкоски -24кг полетарци
4. Анамарија Стојмиловска -28кг полетарки
5. Христијан Глигороски -73кг пионери
СРЕБРЕН МЕДАЛ:
1. Jован Мечкароски -21кг полетарци
2. Берин Шабоски -21кг полетарци
3. Суела Шабоска -36кг полетарки
4. Суела Шабоска -36кг вон конкуренција
БРОНЗЕН МЕДАЛ:
1. Марио Нелоски -42кг пионери
2. Андреј Симоноски -50кг пионери
3. Мила Стојмиловска -25кг полетарки
4. Мила Стојмиловска -25кг вон конкуренција
5. Јован Џероски -24кг полетарци
6. Андреј Славкоски -27кг полетарци
7. Давид Спироски -24кг полетарци
8. Васили Томаноски -30кг полетарци
9. Божидар Јулоски -18кг полетарци
10. Божидар Јулоски -18кг вон конкуренција
11. Јован Јовчески -24кг полетарци
12. Андреј Јовчески -27кг полетарци
„Ова е огромен успех за Џудо Клуб “ДРИМ” Струга и доказ за посветената работа. Секоја чест и пофалби за прекрасната организација на ЏК МИОКИ од Скопје, беа одлични домаќини.“ – велат од џудо-клубот „Дрим“-Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари