Eдно лице е повредено во сообраќајка во Струга

- Локални
608

На 14-ти мај 2020 година, во 16:30 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Боро Хаџиески“ и „Славеј Планина“ во Струга се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишниот Е.И. од струшкото село Велешта, и мопед, со велешки регистарски ознаки, управуван од 58-годишниот М.А. од Струга. По незгодата возачот на мопедот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари