Едукативни предавања за заштита од Ковид 19 за пeнзионерите во Лабуништа

- Локални
445

Извршниот одбор на ЗП-Лабуништа на иницијатива на претседателот на Здружението Лутви Ќазимоски, на два наврати одржа советодавни предавања пред две поголеми групи пензионери во просториите на Клубот почитувајќи ги мерките за заштита од вирусот на дистанца и со заштитни средства под мотото „Како да се справат и заштитат од пандемијата на Корона – 19.“

Најголемата населба во струшка општина, Лабуништа, за жал беше еден период жариште на пандемијата каде што починаа поголем број на жители.

Со одлука на Извршниот одбор на Здружението побара здравствена помош од матичните лекари во населбата, a медицински екипи се ставија на располагање на пензионерите.  Тие одговорија на поставените прашања-На кој начин вирусот корана го напаѓа човечкиот организам и како се разликува овој подмолен убиец од останатите слични форми на вирусни заболувања.

Следно важно прашање е первенцијата и заштита.Освен вообичаените мерки за физичка дистанца и дезинфекција на рацете, исто така посочија и други совети поврзани со грижата на личното здравје кои можат да придонесат за подобро справување со овој вирус.

ЗП Лабуништа обезбеди поголем број на заштитни маски и средства за дезинфекција кои  беа поделени меѓу пензионерите, а беа  посетени и поголем број на изнемоштени пензионери на кои исто така им беа поделени заштитни средства.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари