Едукативни работилници за превенција од сексуално преносливи инфекции во Струга

- Локални
701

Во рамките на проектот „Здравје во заедниците – Врсничка едукација за превенција од сексуално преносливи инфекции“, беа обучени волонтери од Црвен крст-Струга за спроведување на едукативни сесии за превенција од СПИ кај младите.

„Во текот на месецот ќе бидат организирани  пет работилници, а едукаторите и волонтери ќе организираат едукативни работилници во текот на годината во повеќе училишта низ општината. Во рамките на овој проект се предвидени врснички едукации со цел нивни обучени другари врсници да ја пренесат информацијата. “ – информираат од Црвен крст-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари