Екипата на РШ „Струга Динг“ трета година по ред е победник на турнирот „5ка за ракомет“ што и годинава се одржа во организација на ракометната школа Вардар Охрид.

На турнирот учествуваа екипи од Охрид, Струга, Ресен, Прилеп, Кичево и Гостивар.
Струшките ракометари родени 2012/13 година одигра два одлични натпревари. По многу борба, во полуфиналето остварија победа против екипата на Јехона од Гостивар, а во финалето беа подобри од домаќинот, РШ Вардар Охрид.
Освен со тимската победа, РШ Струга Динг оваа година може да се пофали и со индивидуални награди.
„Голема сатисфакција за нас и за нашата работа претставува моментот што понесовме две индивидуални награди, за најдобар играч – Тино Бебекоски, и најдобар одбранбен играч – Лука Милошески. Сепак на крај победи колективот и сите деца се заслужни што го кренавме победничкиот пехар.“ – изјави за Strugaonline тренерот Дејан Коцар.


Во делот мини ракомет, најмалите членови на РШ Струга Динг одиграа пет натпревари, а целта на овој сегмент од турнирот е децата уште од мала возраст да го засакаат ракометот и да го стекнат натпреварувачкиот дух.

„Насмевките на лицата на децата, возбудата и борбата што ја пружија се најголема потврда колку убаво искуство претставуват за нив овие турнири. Би сакал да ги пофалам и организаторите за врвно организираниот настан, оваа недела беше празник на ракометот во Билјанини Извори.“ – додаде Коцар.
Тој најави дека на 2 јуни со генерација 2012/13, Ракометната школа Струга ќе учествува на традиционалниот турнир за млади категории што ќе се одржи во Гостивар.
Strugaonline
Facebook Коментари