Експерти на JICA ќе помагаат во собирањето и истражувањето на податоци за управување со водите на Охридското Езеро

- Локални
436

Денеска се одржа работна средба со тимот на експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (JICA) предводен од г-динот Акира Такечи и министерот Нуредини, придружуван од стручниот тим на Министерството за животна средина и просторно планирање.

,,На средбата се разговараше за реализација на планираниот проект “Собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Северна Македонија” за што беше понудена експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во во оваа област. “ -информираат од министерството

Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е и меѓународно признато, реализацијата на овој проект е оценета како исклучитечно значајна

Од таму додаваат дека проектот всушност значи ажурирање и надградување на податоците што се содржани во „Физибилити студијата за подобрување на работата на колекторскиот систем на Охриското Езеро“ изработена во 2015 година, согласно новонастанатите промени на терен.

Како што нагласи министерот Нуредини, следна фаза би била изнаоѓање решенија за финансирање на колекторскиот систем и обезедување на негова непречена работа, со што ќе се обезбеди максимална заштита на езерските води, а со тоа и зачувување на природните вредности и здравјето на луѓето и живиот свет околу и во езерото. Проектот претставува директно остварување на националните таргети, но и реализација на препораките на Комисијата на УНЕСКО.

 

Facebook Коментари