Експертски тим од Шпанија ќе работи со тимот на Општина Струга на менаџирањето со снабдување со вода

- Локални
655
По барање на Амбасадорот на Шпанија Г-дин  Емилијо Лоренцо Сера, денеска градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација г. Дашмир Насуфи одржаа онлајн состанок.
Шпанија која како држава е рангирана во  топ десет држави на светско ниво за менаџирање со секторот со вода, предлага да работи со неколку општини во Република Северна Македонија меѓу кои е и Општина Струга.
-На состанокот се дискутираше за менаџирањето со снабдување со вода, канализационата мрежа и отпадни води.-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека  соработката ќе продолжи, со посета на целиот експертски тим и самиот амбасадор во Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари