Струшкиот фудбалски клуб ,,Караорман’ ја започнува новата сезона со својата амбиција- да влезе во Втора лига.
Оваа цел ќе ја остваруваат со истиот тим на играчи (со исклучокна двајца фудбалери), но и со дури девет засилувања кои се очекува да допринесат кон нови успеси на клубот со јасни амбиции.
Дресот на Караорман оваа сезона ќе го облечат и Стефан Петрушески од Охрид, Димче Волчески од Влазними, Томче Речкоски од Волино и Белчија Ѓетали од Октиси.
За Караорман ќе играат и четворица фудбалери од младинскиот состав на Трим Лум и тоa: Мухамед Шаќири, Филип Вранишкоски, Кристијан Цацаноски, Христијан Будимоски и Предраг Чакарески.
Facebook Коментари