Филмот ,,Сигурност“ во среда и четврток ќе се прикажува во Охрид

- Локални
340
Филмот ,,Сигурност“  во режија на Кармен Штадлер ќе се прикажува во Центар за култура ,,Григор Прличев“  во Охрид .
Kино проекциите се закажани за во среда (16.02.2022) и четврток (17.02.2022) со почеток во 19.00 часот, во големата сала.
-Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда. – стои во описот на кратката содржина.
Филмот ќе се прикажува со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19, со ограничен број на публика. Билетите се по цена од 100 денари.
Strugaonline

Facebook Коментари