Финални подготвки на фудбалскиот терен ,,Билјанини извори“ за натпреверот Струга Трим Љум -Слован Братислава

- Локални, Спорт
1369

На 3 јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен ,,Билјанини Извори” како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.

Нашиот шампион, тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Слован Братислава од Словачка.

-Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за одигрување на натпреварот. За да го постигнеме тоа од 03 јули до 25 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи, така што им се заблагодаруваме на разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници што во посочениот период нема да можат да го користат градскиот фудбалски терен-информираат од ЈП “Билјанини извори”.

Strugaonline

фото: ЈП Билјанини извори

Facebook Коментари