Со голем број засилувања, третолигашот ФК Караорман претстојнава сезона ќе цели кон првото место, а со тоа и влез во втора лига.
Во Караорман пристигнаа Никола Секулоски од Волино, Дарко Силјаноски од Охрид, Климе Далчески од Лабуништа, Ненад Попоски од Влазними, Ахмет Бељули од Фљамуртари и Димитар Далчески од младите категории на прволигашот Пелистер. Претходно, од клубот потврдија дека дресот на Караорман оваа сезона ќе го облечат и Крсте Тикоски, Валентин Горгиески и Марјан Чолески од Велешта.
Клубот годинава слави 97 години постоење.
Strugaonline
Facebook Коментари