Флејтиската Ера Зиба од Струга освои прва награда на Меѓународниот натпревар “Angel Voice Winners League”

- Локални
445
Младата флејтиската Ера Зиба од ОМУ ,,Струга“ која учи во класата на професорката Светлана Богданоска Ристоски, осви прва награда (со 98 поени)  на Меѓународниот музички онлајн натпревар “Angel Voice Winners League” што се одржа во период од 19-ти до 23-ти декември.
На натпреварот учествуваа кандидати од Србија, Бугарија, Малта, Кипар, Турција, Чиле, Хрватска, Македонија, Романија, Естонија и Австралија, а ги оценуваше реномирано меѓународно жири.
,,Ера е талентирана флејтистка со која работиме напорно но со многу љубов и горда сум на резултатите. Среќна сум што како професор успевам на учениците да ја пренесам љубовта кон флејтата како инструмент, и секако моето музичко искуство. Редовно ги испраќам на натпревари затоа што тоа е еден од начините да стекнат самодоверба и да постигнат одредени резултати. Имам планови за идни натппревари не само за Ера, туку и за другитте мои ученици, за кои ќе информирам во следното полугодие.“-изјави за Strugaonline професорката Светлана Богдановска Ристоски.
Натпреварот “Angel Voice Winners League” после оваа онлајн сесија, повторно ќе се одржи во април, во живо во Белград.
Strugaonline

Facebook Коментари