ФК Караорман со две нови засилувања и ново раководство влегува во борба за опстанок во втората лига.
Спортските засилувања се Дамјан Цоцевски кој доаѓа од ФК Охрид и Јусуф Каба кој претходно играше за тимот на Струга ,,Трим Лум.“
Нов претседател на клубот е Ѓорѓи Жупан, а нов тренер е Илче Перески, поранешен играч на Караорман и Охрид.
Новиот претседател, Ѓорги Жупан очекува дека двајцата нови играчи ќе допринесат за подобри резултати на клубот со долга традиција.
И покрај тоа што Караорман е во криза, Жупан е оптимист дека раководството заедно со фудбалерите ќе ја остварат целта да останат во втората лига.
,, Mојата цел е првично да останеме во втората лига, а потоа да одиме кон подобрување со оглед на тоа дека за тоа постои атмосфера и елан и од страна на раковедството и од страна на играчите. Цоцевски и Каба играат на средина, фудбалери кои очекувам во вистинска смисла на зборот да ни бидат засилување. Освен во играта, истовремено се обидуваме да ја подобриме состојбата на клубот во финансиска смисла. Денеска исплативме плата и работиме на зајакнување на ФК Караорман со спонзори кои се големи почитувачи на фудбалот и свесни за неговото значење за Струга.“-изјави за Strugaonline претседателот Ѓорги Жупан.
Тој изрази надеж дека тимот утре ќе слави на домашен терен против екипата на Кожув и ги повика навивачите да ги бодрат нашите фудбалери. После натпреварот со Кожув, важен натпревар за опстанок во втората лига е натпреварот со Охрид што исто така стружани го играат дома. Жупан очекува Караорман да победи и во двата натпревари.
Strugaonline
Facebook Коментари