Гласајте за стружанките Ана Ашталкоска, Стефани Ниноска и Сара Димовска кои со иновативна бизнис-идеја се меѓу најдобрите 120 од 700 проекти
Три млади и креативни стружанки, ученичките Ана Ашталкоска, Стефани Ниноска и Сара Димовска, постигнаа значаен успех со својата иновативна бизнис-идеја SMART DERM 365, која се најде меѓу најдобрите 120 проекти од вкупно околу 700 пријавени бизнис-идеи.
Овој успех е потврда за нивната креативност, посветеност и претприемачки дух, но пред нив претстои уште еден важен чекор. Целта е нивната идеја да се пласира меѓу 60-те финалисти, за што им е потребна поддршката од јавноста.
Затоа, упатуваат повик до сите сограѓани, пријатели и поддржувачи да го дадат својот глас за SMART DERM 365 и да помогнат идејата на трите стружанки да продолжи кон финалето.
Секој глас е важен и може да биде одлучувачки во остварувањето на нивната цел!
Да ги поддржиме Ана, Стефани и Сара! Да покажеме дека Струга стои зад младите, нивните идеи и нивниот успех!
📲 Гласајте за SMART DERM 365 на следниот линк:
StrugaOnline

