Голем интерес за посета на Струга, после Саемот за туризам во Барселона

- Локални
729

Тимот на проектот “ToCulter” по пет дена учество на Саемот за туризам во Барселона се врати во Струга. Впечатоците се позитивни и може да се каже дека Струга соодветно беше претставена, рамо до рамо со најбараните туристички дестинации во светот.

Покрај промоцијата на Општина Струга, градоначалникот г. Рамис Мерко имаше и неколку средби со туристички агенции, кои изразија интерес за соработка со Општина Струга.

„Бидејќи интересот за посета на Струга беше огромен, по многу разговори, ние сме на самиот крај на финализирање на договорите за започнување на приемот на групите организирани од страна на учесниците на саемот.“- информираат од Општина Струга.

Организаторите на саемот ја пофалија неуморната работа на групата, позитивната енергија и успешното презентирање на проектот и ветија дека наскоро и тие ќе ја посетат Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари