Голема веслачка сензација во Струга

- Локални, Спорт
599

На 25-ти и 26-ти февруари во Мисисауга-Торонто, Канада, се одржа првото онлајн Светско првенство во веслање со Концепт 2 ергометри.

За прв пат во историјата на веслачкиот спорт во Македонија, нашите претставници ги поминаа квалификациите и се пласираа во финалните трки. Квалификациите и финалните трки се одржаа во просториире на Веслачки клуб Црн Дрим од Струга каде младите македонски веслачи постигнаа врвни резултати и висок пласман.

Владимир Голабоски во категорија до 20 години дисциплина 500м го освои шестото место.

Климентина Стојмиловска во категорија до 17 години, дисциплина 500 м го освои шестото место.

Кристијан Китаноски во категорија до 17 години, дисциплина 500м во квалификации го освои 7-то место на континентално ниво за Европа, но поради технички причини не се натпреваруваше во финалето.

Тренерот Марјан Влаќески, кој воедно е и селектор на македонската веслачка федерација, со струшките веслачи ја пишува историјата на македонското веслање.

 

Facebook Коментари