Градоначалникот Менди Ќура на средба со новиот состав на Месната заедница Подгорци
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со новиот состав на Месната заедница Подгорци, предводен од претседателот Д-р Недим Хајдароски и членовите на месната заедница.
На средбата се разговараше за унапредување на ефикасноста во функционирањето на месната заедница, како и за спроведување реформи во работењето и финансиска консолидација, со цел создавање поодржлив и поефикасен систем во интерес на граѓаните.
Посебен акцент бил ставен на тековните активности поврзани со собирањето, транспортирањето и депонирањето на отпадот, одржувањето на јавната чистота, како и на прашањата поврзани со водоводната и канализациската инфраструктура во Подгорци.
Претставниците на месната заедница го информирале градоначалникот и за идните планови и инвестиции во нова опрема и инфраструктурни проекти, кои имаат за цел подобрување на условите за живот и поквалитетни услуги за жителите.
Од Општина Струга посочуваат дека локалната самоуправа ќе продолжи со активна соработка со месните заедници, со цел поефикасно решавање на локалните предизвици и создавање подобри услови за сите граѓани.

