Градоначалникот Мерко го осуди нападот во Виена и изрази сочувство до семејството на убеиеното момче од Велешта

- Локални
488
Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, го осуди терористичкиот напад што се случи во Виена.
-Секое насилство е за осуда. Ова што и се случи на Виена може да се случи на секој од нас. Многу ми е жал што на целиот овој хаос што се случува во светот со Корона вирусот, Австрија дополнително се соочи со трагедија.
Овој настан не може да се одмине туку – така, ова треба да биде будење за нас по кое ќе покажеме солидарност и заедно да се бориме против било каков вид на насилство. Никој нема право да одзема живот заради лични каузи и овој напад не познава националност, вера ни државјанство.-напиша Мерко
Во својата објава тој изрази  длабоко сочувство за загинатите во овој терористички напад, посебно за семејството на починатиот од село Велешта, Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари