Градоначалникот Мерко го посети мултикултурниот камп „Паралелни животи“

- Локални
575
Градоначалникот на Општина Струга денеска го посети мултикултурниот камп „Паралелни животи“.
,,Целта на кампот е младите преку заеднички иницијативи да работат на подобрување на меѓуетничките односи и заедно да креираат политики за млади. Работењето на оваа тема е многу важно за мултиетнички град како што е Струга, а градоначалникот дава поддршка на ваквите иницијативи.“-стои во соопштението од Општина Струга
Кампот е поддржан од Форум Цивилен Мировен Сервис, а во соработка со Здруженијата Аква Струга, Цид Куманово и Новус Струмица.
Strugaonline

Facebook Коментари