Градоначалникот Мерко со подароци за првите три новороденчиња во Струга родени во 2019-та

- Локални
1234

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко ги награди првите новороденчиња родени во 2019-та.

Утрово, градоначалникот на Општина Струга заедно со заменик министерот за здравство Г-дин Асим Муса го посети Детското одделение во Општата болница во Струга, каде што ги   награди мајките на првите три новороденчиња родени во новогодишната ноќ после полноќ .

Трите новороденчиња се машки и се во одлична здравствена состојба. Градоначалникот Мерко им честиташе на мајките и им посака многу здравје и долг живот на децата.

Strugaonline

Facebook Коментари