Греење во ОУ „Браќа Миладиновци“ има, извршена е поправка на пумпата

- Локални
1818

Неколку родители на ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга се обратија во редакцијата на Strugaonline и се пожалија дека во училиштето нема греење и дека во такви услови, кога надвор има ниски температури, не може да се одржува настава.

После реакцијата на родителите, редакцијата на Strugaonline ја контактираше директорката на ОУ „Браќа Миладиновци“ , Г-ѓа Лаура Шате, која истакна дека во училиштето има греење и дека утрово настанал проблем бидејќи од пет пумпи , една била расипана. Шате потенцираше дека веднаш биле повикани мајстори и дека е извршена поправка на пумпата. Директорката  додаде дека сега се’ функционира нормално, работат сите пет пумпи и наставата се одвива непречено, во соодветни услови.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари