Групна изложба ,,Периферии“ во Центар за култура ,,Григор Прличев“-Охрид

- Локални
65
 ,,Периферии“ е насловот на групната изложба што од 25-ти до 27-ми април ќе биде отворена во  Центарот за култура ,,Григор Прличев“ Охрид.
Изложбата е во рамки на уметничката резиденција од проектот ПРОСПЕР.
-Перифериите се места на солидарност кои партнерите на ПРОСПЕР имаат за цел да ги истражат по пат на создавање врски помеѓу еколошки ранливите региони преку низа транснационални културни соработки.-информираат организаторите.
Додаваат дека осуммина меѓународни уметници престојувале во Охрид во април 2024 сплотувајќи со околината и остварувајќи интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.

Идејата на резиденцијата била да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители.

Уметниците кои беа дел од резиденцијата се изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба.

На изложбата може да се видат делата на: Јара Асмар (Yara Asmar), Клаудио Беоркија (Claudio Beorchia), Јулија Ехлер (Julia Eichler), Кафар Рзаев (Qafar Rzayev) како и перформативно поетско чи- тање на Ката Ѓорфи (Kata Győrfi) во определен термин.

Проектот ПРОСПЕР го реализираат  пет организации: Перипетија Продукција и ЛДА Струга (Северна Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија).

Истиот  е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари