Групна тепачка во Велешта, единаесет лица заработија кривична пријава

- Локални
836

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против следниве 11 лица: Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16 годишно лице, сите од струшкото село Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од селото Велешта. Пријавениот Б.Х. се товари и за сторено казнено дело  „спречување на докажување“.

Пријавените, на 17.08.2019 година,  се сретнале на бензиска пумпа во селото Велешта при што започнале меѓусебна  караница и тепачка. По настанот, пријавениот Б.Х. со цел да го прикрие делото, извршил отстранување и сокривање на компјутерскиот хард диск со видео записот од безбедносните камери поставени на бензиската станица.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

Facebook Коментари