Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ во четврток повторно пред охридската публика

- Локални
102
На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот на Центарот за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид, на  11-ти април (четврток)  со почеток во 20.00 часот во малата сала.
-Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.-стои во описот на содржината.
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Од охридскиот Центар за култура информираат дека билетите по цена од 250 денари се пуштаат на билетара во понеделник 08.04.2024 година, од 09.00 до 19.00 часот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип прв дојден-прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 карти).
Strugaonline

Facebook Коментари