Илче Перески си поднесе оставка, Здравко Цветаноски е нов тренер на ФК Караорман

- Локални, Спорт
976

По пет одиграни пролетни кола во Вторатa лига на Македонија, досегашниот тренер на  ФК Караорман, Илче Перески, си поднесе оставка, а за нов тренер е назначен Здравко Цветаноски.

Перески од позицијата тренер си заминува незадоволен од постигнатите резултати и организациската состојба на клубот, но со убави желби за подобра позиција на Караорман во иднина.

,,Резултатите се разочарувачки, организацијата е лоша. Едноставно не можев да носам толку голем товар. Бевме оставени сами на себе и почувствував потреба да се повлечам. Сметам дека е подобро да дојде некој друг, секако посакувам добри резултати на ФК Караорман во иднина.“ -изјави Перески за Strugaonline.

Новиот  тренер , Здравко Цветаноски, кој што всушност е повратник на клупата на Караорман е оптимист и вели дека ќе се бори со сите сили за опстанок во втората лига.

,,Свесен сум дека ќе биде тешко, но предавањето не е опција. Караорман мора да остане во втората лига. Имаме млада екипа, но ќе направиме се’ за корисни промени во играта кои би ни помогнале да ја оствариме целта.“ – изјави тој за Strugaonline.

ФК Караорман моментално е на претпоследната позиција на табелата, а следниот натпревар ќе го игра на домашен терен, во недела во 15:00 часот со тимот на ,,Пелистер“.

Цветаноски, кој по трет пат ќе биде тренер на Караорман, има богата тренерска кариера. Претходно ги предводеше екипите на ФК Охрид во Прва лига, Влазними во втора лига, Царев двор во прва лига, Брегалница во прва лига, како и тимот на Велешта.

Strugaonline

Facebook Коментари